Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница

ЕСЕНСКИОТ ТЕХНИЧКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ

ПЛОВДИВ – 2017

Меѓународниот саем за техника во Пловдив е еден од најголемите саемски настани во Југоисточна Европа и еден од најголемите индустриско - трговски форуми во Бугарија. На Меѓународен саем за техника учествуваат голем број водечки компании од: машиноградба, автомобилска индустрија, транспорт, ИТ, софтвер производи, електроника и електротехника, градежништво, хемиска индустрија, енергетика и екологија. Компаниите кои земаат учество на саемот  ги презентираат најновите иновации и движења во технологијата.

1 ден  28.09.2017 (четврток)  Скопје/Штип - Пловдив
Поаѓање од Скопје во 00:30 часот пред хотел Вип , во 01:30 часот од Штип, паркингот пред  Новата пошта. Ноќно патување со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Пловдив во утринските часови.  Посета на саемот до 17 часот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден  29.09.2017 (петок) Пловдив - Штип/ Скопје
Појадок. Посета на саемот. Можност за индивидуална прошетка и разглед на Пловдив. Поаѓање за Македонија во попладневните часови (околу 17:00 часот). Пристигнување во Штип/ Скопје во доцните вечерни часови.

Цена по лице во двокреветна соба

3.990 мкд

Во цената е вклучено:
• превоз со модерен туристички автобус/ минибус на дадената релација
• ноќевање со појадок во хотел 3* во Пловдив
• патничко осигурување
• организација и водство на патувањето со лиценциран придружник

Во цената не е вклучено:
• влезница за саемот
• доплата за еднокреветна соба – 1.200 денари по лице

За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници

Рок на пријавување до 17.09.2017
Важат општите услови за патување на Т.А. Балкан Турист и СКТМ