Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница

23 Октомври

Метеори

2 дена / 1 ноќевање / автобус

21.10.2017 СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИА
Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот на хотел ВИЛ (спроти скопски саем). Поаѓање за Грција во 05:15 часот. Поаѓање од Кавадарци во 06:30 часот од булеварот кај гранична полиција. Пристигнување во Солун во раните утрински часови.  Слободно време за посета на трговскиот центар COSMOS. Тргнување  за Паралија. Пристигнување во Паралија во вечерните часови. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

22.10.2017 ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, посета на една од најатрактивната дестинација – Метеори. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки, а еден е женски манастир, и дел од нив служат како туристичка атракција. Целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Кавадарци и Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба

55 €

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел 3* – 1НП (ноќевање со појадок)
• Посета на Солун и Космос
• Организирана посета на Метеори
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезници за Метеорите – 3€
• Патничко осигурување – 2€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Агенцијата  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист