Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница

Нова Година 2018

Будва

4 дена/ 2 ноќевања/ автобус

(29.12.2017 – 01.01.2018)

БУДВА - бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Будванска ривиера изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км и ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Словенска плажа, Бечичи, Св.Стефан, итн) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете!

1 ден 29.12.2017 (петок) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ - БУДВА
Состанок на групата во 22.00 часот на булеварот под гранична полиција во Кавадарци. Тргнување од Кавадарци во 22.15 часот со високотуристички автобус. Тргнување од Скопје во 00.00 часот од паркингот пред хотел ВИП (наспроти Саем). Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 30.12.2017 (сабота) БУДВА Пристигнување во Будва во утринските часови (кафе – пауза и фотографирање на Св.Стефан – едно од најмонденските места на Јадранското море). Сместување во приватни вили. Попладнето прошетка по стариот град и можност за шопинг и индивидуални прошетки и активности. Вечерта предновогодишна забава на плоштад со БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ. Ноќевање.

3 ден 09.12.2017 (сабота) БУДВА - ДУБРОВНИК
Целодневен факултативен излет до Дубровник во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник – Стардун, Кнежев Двор, Дубровачките градски ѕидини, статуата на Св. Влах – заштитникот на градот, катедралата Вознесение на Дева МАрија, итн. Попладне враќање во Будва со траект преку Тиват. Вечерта новогодишна забава на плоштад со ГОРАН БРЕГОВИЌ, БЕЛО ДУГМЕ И АЛЕН ИСЛАМОВИЌ. Ноќевање.

 

4 ден 10.12.2017 (недела) БУДВА – ОСТРОГ – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Ден предвиден за излет до манастирот Острог (доколку дозволуваат временските услови) – сместен на високо масивен карпест дел кој претставува најголемо црногорско светилиште, а секако и најпосетуван манастир на Балканот. Манастирот е основан од Св. Василије во 17 век, и се верува дека неговите мошти се чудотворни, а се наоѓаат во Горниот манастир. Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје и Кавадарци во вечерните часови.

Цена на аранжманот:

3.900 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со минибус / автобус до дадената релација
- 2 ноќевања (сместување во вила Крапина)
- Посета на Св. Стефан
- Туристичка такса
- Организација и пратител на патувањето

Во цената НЕ е вклучено:
- Целодневен излет до Дубровник (15€)
- Излет до манастирот Св. Василије Острошки (5€)
- Влезници за посети
- Патничко осигурување (инфо во агенцијата)
- Останати трошоци што не се споменати погоре

НАПОМЕНА: За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници. За реализацијата на факултативата до Дубровник потребни се минимум 30 патника (пријавување при резервација во агенцијата). Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден.)
Организатор на програмата е Т.А. Балкан Турист, Кавадарци. Важат општите услови за патување на Т.А: Балкан Турист и СКТМ.