Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница11 и 23 Октомври

23 Октомври

Азурен Брег

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 19.10.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 11:30ч. и поаѓање во 12:00ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 20.10.2017 МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор,  одиме на организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 21.10.2017 МИЛАНО – НИЦА
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 22.10.2017 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН – АНТИБ
Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница со попатна посета и прошетка низ Антиб. Ноќевање.

5 ден 23.10.2017 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 24.10.2017 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот:

219 € / 13.570 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
• сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
• сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
• Разглед на Милано со локален водич
• разглед на Ница
• Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
• организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€
• Посета на Ез, Монако и Монте Карло– 25€
• Посета на Кан и Сент Тропез – 30€
• Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице на ден)
• Туристичка такса во Ница (90 ден. по лице на ден – се плаќа во агенција)
• Влезници за културно историски споменици, музеи.
• Билети за јавен превоз

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ