Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница11 и 23 Октомври

23 Октомври

Рим

директен лет од СКОПЈЕ / 20.10-23.10.2017

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над триилјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија, седиште на град – државата Ватикан.Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите.Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

1 ден: (20.10.2017 - петок) - СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:40 часот. Полетување за Рим во 10:40 ч. Пристигнување во Рим во 12:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. По кратка пауза за одмор се упатуваме на организиран пешачки панорамски разглед на градот со локален водич (пешачки и метро). Во пешачки разглед од три часа ги поминуваме: Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

2 ден: (21.10.2017 – сабота) – ВАТИКАН


По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед). Планирано е разглед на  Ватиканските музеи, црквата Св. Петар иСистинската капела. При посетата на музеите ќе се видат најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16-ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари.Во времето од 1508-1511 год Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30-тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Потоа ќе ја посетиме најголемата црква во светот – Св.Петар во која се наоѓа познатата „Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката завршува со посета на прекрасниот плоштад пред самата црква кој го уредил Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршувањето на посетата на Ватикан, слободно време за индивидуални разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (22.10.2017 – недела) – РИМ (Колосеум)
По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура  на Мојсеј  и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Потоа се посетува една од најголемите знаменитост и атракција во Рим –Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започнато од императорот Веспасиан во 72 год  и е завршен година после неговата смрт (80 год.) од неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо – римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време. Враќање во хотел. Вечерта можност за прошетка и вечера во ресторан на Трастевере.Ноќевање.

4 ден: (23.10.2017 – понеделник) – РИМ - СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 12:55 ч. со директен лет. Пристигнување во Скопје во 14:30 ч.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Доплата за еднокреветна соба:

21.018мкд. (339 €)

6.820 мкд. (110 €)

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авикомпанија Wizz Air
• Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
• Мала кабинска торба – 42х32х25 см. (до 8 кг.)
• Сместување во двокреветни соби во хотел 3*,
• Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Аеродромски такси по лице се 3.720  денари,
• Туристичка такса се плаќа во хотел – 4 € по ден на лице,
• Билети за јавен превоз со метро
• Патничко осигурување

ФАКУЛТАТИВИ:
ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА:
• Организиран панорамски разглед на Рим со водич  – 10 €
• Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Сикстинската капела - 50 €
• Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил  – 40 €,

ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО:
• Организиран панорамски разглед на Рим со водич  – 15 €
• Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Сикстинската капела - 58 €
• Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил  – 48 €,

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
• Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.01.2018 година.
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
• Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 20.09 и минимум пријавени патници за  реализација: 25.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ