Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница11 и 23 Октомври

23 Октомври

Милано

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 19.10.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска иСловенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 20.10.2017 МИЛАНО
Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри... Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани (индивидуално со локален превоз со пртителот на групата). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 21.10.2017 МИЛАНО
Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе... Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел... Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.

4 ден 22.10.2017 ЛУГАНО – КОМО
Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат „Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 23.10.2017 МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 24.10.2017 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

189 € / 11.710 мкд



Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
• Организиран разглед на Милано со локален водич
• Организиран разглед на Верона
• Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
• Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот)
• Влезници за културно-историските знаменитости
• Индивидуални трошоци
• Патничко осигурување – 5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма
За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници