Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница11 и 23 Октомври

23 Октомври

Малта - остров на соништата и витезите

4 Дена / 3 ноќевања / авион

20.10. – 23.10.2017
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - сместени во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови, кристално сини води, се вистински рај за оние кои сакаат да доживеат целосно ново искуство. Историско наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација, ја освојувале бројни народи и оставиле свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури и мноштво на историски споменици и туристички атракции, денес и дава на Малта посебен шарм.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден (20.10.2017 – петок)             СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Малта во 06:10 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 07:55 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на странскиот партнер. Следува организиран разглед на Валетасо локален водич. Полудневен факултативен излет на Валета, главниот град на Малта. Валета, град изграден од Витезите на Св. Џон. Овој излет ќе ви овозможи да ги откриете убавините на  Валета се до Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens), од каде што се пружа неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour). Излетот ги вклучува и посетата на  Ко-катедралата на Свети Јован (St. John’s Co-Cathedral), кој е дом на ремек-делото на Караваџо (Caravaggio) "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Исто така има можност да се види однадвор и Палатата на Големиот мајстор (Grand Master’s Palace).
После разгледот следи сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и релаксација. Ноќевање.

2 ден (21.10.2017 – сабота)            МАЛТА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.  Поаѓање во утринските часови, заминување со климатизиран автобус кон Марфа (Marfa), кој се наоѓа на западниот крај на островот. Следи 30-минутно патување со ферибот, по што се пристигнува во М’гар(Mġarr Harbour), главното пристаниште на Гозо. При патувањето со брод ќе имате можност да видите уште еден остров на малтешкиот архипелаг,Комино (Comino) (1800 метри должина), на кој живеат само околу десет луѓе. По пристигнувањето во Гозо, се упатуваме кон заливот Дверџа (Dwerja), импресивен природен локалитет кој го влкучува Фунгус Рок (Fungus Rock),  огромна цилиндрична карпа изолирана на влезот на заливот. Потоа се заминува кон Рабат (Rabat) и посета на неговата тврдина. Потоа продолжуваме кон Шленди (Xlendi), едно од типичните и живописни рибарски села на Гозо, со последно застанување и посета намегалитските храмови на Џгантија(Megalithic Temples of Ġgantija), импресивен преисториски споменик, вклучен во Светско наследство на УНЕСКО.
Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (22.10.2017 – недела)          МАЛТА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет (8 часа) на јужна Малта со храмовите Hagar Qim, кој ќе ви овозможи да го откриете јужниот дел на Малта. Прва посета: величествената Сина Пештера(Blue Grotto), позната по азурното сино море, и доколку дозволуваат временските услови, ќе имате можност да ги посетите со кратко патување со брод (факултативно, со доплата на лице место). Втора посета: типичното жвописно рибарско село Марсашлок (Marsaxlokk), со застанување воМарсаскала (Marsascala). Попладнето е посветено на посетата на пештерата Гар Далам (Għar Dalam), пештера со коски од праисториски животни, кои живееле во архипелагот пред повеќе од 170.000 години, како и посета на храмовите Хагар Ким (Hagar Qim Temples), мегалитски комплекс и главен предисториски локалитет на Малта.
Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден (23.10.2017 – понеделник) МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром во 05.30 часот. Полетување за Скопје во 08:25 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 11:10 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖАМОТ ПО ЛИЦЕ за во 1/2 соба:

339€  (21.018мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз на релација: Скопје – Малта – Скопје ;
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта;
• Сместување во хотел  со 3* на Малта -  3 ноќевања со појадок;
• Рачен багаж (1 торба со димензии 42х32х25см);
• Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
• Професионална организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 3.720 мкд.
• Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
• или Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23kg) 5.000 денари
• Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
• Факултативен полудневен излет за Валета – 37€
• Целодневен факултативен излет на островот Гозо - 55€
• Целодневен факултативен излет на јужна Малта со храмовите Hagar Qim - 50€
• Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
• Во цената на факултативниот излет Јужна Малта) не е вклучено патувањето со брод до Сината Пештера (Blue Grotto), и истата ќе се реализира доколку го дозволуваат временските услови. Сепак, може да се резервира и да се плати за патувањето со брод директно на самото место.
• Индивидуални трошоци
• Патничко – здравствено осигурување

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
• Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 20.01.2018 година.
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
• За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
• Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.