Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страница11 и 23 Октомври

23 Октомври

Венеција (Верона и Трст)

5 дена / 2 ноќевања / автобус

1 ден 20.10.2017 СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 21.10.2017  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 22.10.2017 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде...  Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 23.10.2017 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре...  слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 24.10.2017 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

 

Цена на аранжманот:

139 € / 8.610 ден.


Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
• Организиран разглед на Венеција со локален водич
• Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 15€
• Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)
• Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10€
• Влезници за културно-историските знаменитости
• Патничко осигурување –  5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ