Кавадарци: ул.Пано Мударов бр.8, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 071 250 253; 070 218 080
почетна
 
 
 

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страницаSPA понуди

SPA

МЕДИТЕ РЕСОРТ & СПА 4****

Сандански, Бугарија

Областа Сандански e позната по поволните климатски услови и богатството од бањи со различна термалност (во реонот на општина Сандански има повеќе од 80 извори со температура 42-81 ° C), со ниска минерализација но со богат хемиски состав...
Медите Ресорт СПА, изграден на местото на поранешната ботаничка градина во најјужниот и сончев дел на Бугарија - Сандански.
Местоположба со прекрасен панорамски поглед на градот и Пирин планина.
Медите Ресорт СПА хотел располага со: стандардни и луксузни соби, студиа и луксузни апартмани.
На територијата на комплексот се наоѓаат три ресторани кои нудат медитеранска и европска кујна, летна бавча. Комплексот располага со конференциска сала со 200 места и со целосна техничка опрема - идеално место за бизнис состаноци, семинари, настани и прослави.
На располагање на нашите гости се надворешени и внатрешен минерален базен, бар, спа центар, тениско игралиште, игралиште за мини фудбал, еко и велосипедска патека за љубителите на еко туризмот и велосипедизмот.
MASSA CLUB - Најновата придобивка за забава во Спа Хотел "Медите".
MASSA CLUB e совршено место за забава и незаборавни ноќи. Софистициран со модерна атмосфера придонесува да се чувствувате посебни, уживајќи во убавата музика и богатството разновидни алкохолни пијалоци, коктели.
Медите Ресорт СПА хотел е награден со златна награда во 2005 година за најдобар СПА хотел во Бугарија.

Цените се на ден за СОБА

сместување

услуга

недела до четврток

петок и сабота

DBL standard

BB

42€

  58€

SGL standard

BB

37€

  50€

DBL lux

BB

48€

  64€

SGL lux

BB

42€

  58€

Studio ( 2+1 )

BB

68€

  94€

APP (со 2 спални)

BB

92€

128€

Цените се во € за плаќање во денари 1€ = 62 мкд
- Деца до 2 год. БЕСПЛАТНО
- Деца од  2 - 6 год. 4 евра на ден (на дополнително легло)
- Доплата за дополнително легло 12 евра на ден
- Доплата за полупансион 11 евра по лице на ден
- Доплата за полнпансион 17 евра по лице на ден
- Доплата за деца за храна  (до 12 год.) 50 % од износот за возрасни

БАЗЕНИ
• Внатрешниот минерален базен е со димензии 12 х 8 м., 28 - 30 ° C, длабочина 1,40м-2,20м.
• Зимско работно време:

Недела-Четврток од 09:00ч. до 19:00ч.
Петок-Сабота од 09:00ч. до 20:00ч.

• Надворешниот минерален базен е отворен од мај до септември, длабочина 1,80м., 28 - 30 ° C
• Надворешниот детски минерален базен е со длабочина 80 см.

Базените се наоѓаат во непосредна близина на бар "Медите" и летната градина, каде може да уживате во освежителни пијалоци, овошје и овошни коктели и различни јадења за секој вкус.

СПА
Медите СПА центар ви овозможува да се чувствувате целосно одморени и релаксирани.
СПА центарот е опремен според најновите технолошки барања и нуди огромна разновидност на релаксирачки терапии, козметички процедури со ресторативна ефект и благотворно влијание врз духот и телото.
Квалификуван персонал се грижи за клиентите кој изготвува индивидуални спа и балнео програми.

СПА центарот нуди:
•      Класични масажи, пилинг и спа ритуали
•      Ароматерапија
•      Антицелулитни терапии
•      Терапии за мажи
•      Чистење, стегање и подмладителни терапии за лице
•      Геотермални терапии со вулкански камења
•      Билни и цитрусни масажи
•      Џакузи и ароматични кади со минерална вода

Велнес центарот располага со зона за релаксација, сауна и минерален базен.

Таверна "Марина"
средоземнорска кујна „рај во спа комплексот медите" !.
вистинска енциклопедија на егзотични специјалитети: ракчиња саганаки, халуми на скара, октопод ксидато, мариниран гаврос, пилаф со школки, паидакја на скара, фагри ...
Сите јадења се подготвуваат на моментот исклучиво со свежи производи и обработени со мајсторство на главниот готвач - Ростислав Пенчев. Тој има 12-годишно искуство во повеќето познатиот морски ресторан на Халкидики - "Марина", омилен на обожавателите на добрата кујна, неговите специјалитети ги вкусиле странски бизнисмени и светски личности како Владимир Путин, Дмитриј Медведев и многу други.

Италијански ресторан "Касторино"
Главниот готвач - Франко Маноло, користи оригинални италијански рецепти, кон кои додава прецизно одбрани зачини со деликатна арома. Тука може да пробате разновидност од пици, свежа италијанска паста, салати од свеж зеленчук со свежи зачини и, се разбира вкусни десерти

Двокреветните стандард соби се опремени со:
мини бар, сателитска ТВ, безжичен интернет, клима уред, бања со туш-кабина, фен, телефон.
Достапни се соби со две поединечни легла или спална.
Во некои од собите има можност за сместување на трето лице на дополнително легло.
Бесплатно се обезбедува бебе креветче по потреба.
Двокреветните лукс соби може да уживате во удобноста и убавината на современиот дизајн.
Опремени се со: мини бар, сателитска ТВ, безжичен интернет, клима уред, бања со туш-кабина или када, фен, телефон.
Достапни се соби со две поединечни легла или спална.
Има можност за сместување на трето лице на дополнително легло.
Бесплатно се обезбедува бебе креветче по потреба.
Студиа нудат спална и пространа дневна.
Опремени се со: мини бар, сателитска ТВ, безжичен интернет, клима уред, бања со када, фен, телефон.
Можат да бидат сместени 2 лица на редовни легла и трето лице на дополнително легло.
Бесплатно се обезбедува бебе креветче по потреба.
Луксузните апартмани располагаат со две спални и пространа тераса.
Опремени со: мини бар, сателитска ТВ, безжичен интернет, клима уред, бања со туш- кабина, фен, телефон.
Можат да бидат сместени 4 лица на редовни легла и петто лице на дополнително легло.
Бесплатно се обезбедува бебе креветче по потреба.